Албанскиот дел од Охридско Езеро дел од УНЕСКО

По повеќегодишни напори на албанските власти, УНЕСКО го прошири регионот од Охридското езеро кој се смета за светско наследство и на територијата на западниот сосед. Одлуката е донесена како „проширување“ на основната одлука од 1979 година, кога градот Охрид и македонската страна на езерото влегле под заштита на светската организација. „Со ова проширување, локалитетот сега […]

The post Албанскиот дел од Охридско Езеро дел од УНЕСКО appeared first on Скопје1.мк.

По повеќегодишни напори на албанските власти, УНЕСКО го прошири регионот од Охридското езеро кој се смета за светско наследство и на територијата на западниот сосед. Одлуката е донесена како „проширување“ на основната одлука од 1979 година, кога градот Охрид и македонската страна на езерото влегле под заштита на светската организација.

„Со ова проширување, локалитетот сега го опфаќа и северо-западниот албански дел од Охридското езеро, малиот полуостров Лин и копнениот појас покрај брегот кој го поврзува полуостровот со македонската граница. На полуостровот има остатоци од ранохристијанска црква градена во средината на 6 век. Во плитките делови од водата близу брегот на езерото, три локации се сведоштво за присуството на предисториски престојувалишта… Езерото претставува засолниште за бројни ендемични видови на слатководна фауна и флора која датира од терцијарниот период“, се вели во дел од соопштението на УНЕСКО, пренесе 360СТЕПЕНИ.МК.

The post Албанскиот дел од Охридско Езеро дел од УНЕСКО appeared first on Скопје1.мк.

Close