Заев свечено ќе го отвора автопатот по кој се вози повеќе од еден месец

Автопатот Миладиновци – Штип денеска ќе биде свечено отворен, иако истиот е пуштен во употреба за возачите пред повеќе од еден месец. Владата ги покани медиумите, а одбележувањето на настанот ќе биде во Свети Николе.со почеток од 11 часот. Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот […]

The post Заев свечено ќе го отвора автопатот по кој се вози повеќе од еден месец appeared first on Скопје1.мк.

Автопатот Миладиновци – Штип денеска ќе биде свечено отворен, иако истиот е пуштен во употреба за возачите пред повеќе од еден месец.

Владата ги покани медиумите, а одбележувањето на настанот ќе биде во Свети Николе.со почеток од 11 часот. Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

Вчера поранешниот премиер Никола Груевски го присвои за свое дело преку коментар на Фејсбук „автопатот да биде сочуван до неговото враќање во Македонија како бегалец во Будимпешта“, на што СДСМ му одговори дека не го изградил ниту 50 отсто и дека главен мотив му биле провизиите.

Миладиновци-Штип го скратува патувањето од Скопје до Штип за околу половина час во должина од 47 километри, а за негова изградба беа вложени 177 милиони евра.

The post Заев свечено ќе го отвора автопатот по кој се вози повеќе од еден месец appeared first on Скопје1.мк.

Close