Судот го ослободи Латас, нема да одговара за ниту едно кривично дело

Кривичниот суд одлучи Драган Павловиќ-Латас да биде ослободен од обвинение за предметот „Тревник“ на СЈО, што се однесува на бесправната градба на куќи во Зелениково, каде тој беше првообвинет. Судијката рече дека делото за кое е обвинет Латас, не е кривично дело, односно дека инспекторите требале да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не […]

The post Судот го ослободи Латас, нема да одговара за ниту едно кривично дело appeared first on Скопје1.мк.

Кривичниот суд одлучи Драган Павловиќ-Латас да биде ослободен од обвинение за предметот „Тревник“ на СЈО, што се однесува на бесправната градба на куќи во Зелениково, каде тој беше првообвинет. Судијката рече дека делото за кое е обвинет Латас, не е кривично дело, односно дека инспекторите требале да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење да изречат прекршочни сакнции.

За истите дела се товареа и Ѕвездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ кои исто така се ослободени.

Сомнението кое судот го потврди е дека три лица за изградба на викенд куќи во Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

The post Судот го ослободи Латас, нема да одговара за ниту едно кривично дело appeared first on Скопје1.мк.

Close