Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава. Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. „Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени […]

The post Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација appeared first on Скопје1.мк.

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава.

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции.

„Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури еден милион и 360.000 километри“, се вели во соопштението.

Најмногу амбулантни возила има во Скопје 30, како и во Битола и Охрид по 12. Најголемиот процент се донации од Министерството за здравство, дел се купени од сопствен буџет на установата, некои пак  ги добиле од други  донации. Просечната старост им е по 11 години, најстарите две комбиња се постари од 30 години, а имаат поминато огромна километража.

Ако се направи споредба со возилата за службени потреби, за министерствата или општините – разликата е драстична. Тие располагаат со 2645 возила, што значи 15 пати повеќе превозни средства отколку за потребите на брзата помош.

 

The post Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација appeared first on Скопје1.мк.

Close