Охридскиот фолклор без поддршка од Министерството за култура

Покрај бројните институции кои беа одбиени од страна на Министерството за култура на Република Македонија, се најде и КУД “Охриѓанка” од Охрид кое имаше аплицирано за повеќе проекти, согласно нивната предвидена годишна програма.

Како што истакнува првиот човек на Интернационалните фолклорни фестивали во Македонија , Миленко Андрески, сите проекти поднесени од страна на КУД “Охриѓанка” Охрид се одбиени, односно друштвото не е вклучено во ниту еден проект во годишната програма на министерството.

-Аплициравме за следните настани: одржување на годишен концерт на друштвото, годишна програма за работа на друштвото, организирање меѓународни турнеи и тоа Меѓународен фестивал “Денови на Анталија -Турција”, Меѓународен фестивал “Римини”  Италија. Исто така помеѓу другите проекти во апликацијата се најдоа и меѓународен детски младински фолклорен фестивал, Интернационален фолклорен фестивал “Денови на Дебарца”, истакнува Андрески.

Притоа како што додаваат од страна на друштвото, апликацијата е повторно испратена до надлежното Министерство од кое се бара повторно разгледување и одо брување на проектите.

КУД “Охриѓанка” Охрид е осоновано во  2006 година и за краток период постигнува голем успех и бројни признанија. Во друштвото членуваат над 120 членови од Охрид и околината , кои редовно настапуваат на годишните концерти и фестивали под раководство на кореограф , кои дополнително го надоградуваат својот талент и се запознаваат со боите и ритамот на македонскиот фолклор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close