НОГАЧЕСКИ:ГО ВРАЌАМЕ СЈАЈОТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА “ДЕБРЦА”

Вечерва имав чест да ја прогласам за отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното јубилејно 35 то издание. Поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакнав дека 35 –те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца. Пред 35 години основоположниците на колонијата можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.
Минатата година констатиравме дека последниве години навистина се забележува една малаксаност на колонијата, но и ветивме дека веќе од наредната година ќе внесеме нова сила и енергија, ќе вбризгаме нов адреналин и ќе го вратиме стариот сјај на Ликовната колонија. Со денешното отворање на Ликовната колонија тоа и го исполнуваме.
На крајот, на сите годинешни учесници им посакав инспирација за создавање на нови уметнички дела, а тоа во Дебрца го имаат во изобилство, синергијата од слободарскиот дух, природните богатства и културното наследство се непресушен извор на творечка инспирација.
Создавајте дела, водејќи се од максимата: Ars longa, vita brevis или уметноста е долга – животот е краток, истакна во своето обраќање градоначалникот Ногаески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close