Избрани новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на ОО СДСМ

По неодамнешниот реизбор на Лазе Таневски за претседател на Општинската организација на СДСМ – Охрид синоќа во демократска и конструктивна атмосфера беа избрани новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партијата на локално ниво.

Поздравувајќи го градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески и пратеничката Жаклина Лазареска како  и  преставнците на месните партиски ограноци,  лидерот на СДСМ – Охрид Лазе Таневскки рече:

-Ја користам приликава да кажам дека низ една широка и демократска расправа – транспарентно оставивме да оди кандидирањето на новите, идни членови на највисокото раководство на СДСМ – Охрид. Ве уверувам дека изборот ќе ја покаже рамнотежата меѓу искусните и повозрасните и младите кои доаѓаат и треба да го продолжат и надградат патот на СДСМ на локално ниво.  Идните ваши претставници ќе бидат наша и ваша врска со базата и раководството, општината, партијата на централно ниво.

Во обраќањето на изборната конференција, пратеничката од Охрид, Жаклина Лазаревска, како делегиран претставник од генералниот секретар и ИО на СДСМ зборуваше за промените во работата на партијата, новиот систем што се воспоставува, начинот на делување и функционирање.За единството , за предизвиците кои се пред СДСМ  како владеечка партија на локално и државно ниво:

-Во годината кога нашата земја го очекува членството во НАТО, како и почетокот на датумот за преговори со ЕУ сите до еден треба да сме мотивирани и на висина на задачите и целите што се пред нас. Не смееме да ја испуштиме историската шанса и сонот на генерации зад нас и иднината на нашите деца да станеме – конечно дел од светот. Рамноправни, еднакви, со отворен ум и поглед кон светот. Да почнеме да ги црпиме благодетите на глобализмот и принципот на квалитет и успешност, рече Лазаревска.

Извршниот одбор на СДСМ  – Охрид како и досега ќе брои 18 членови, а синоќа за членови на одборот се избрани: Ахмет Пател, Тања Костојчиноска, Јован Симонче, Богоја Кумбароски, Марија Миленковиќ, Цветко Ристески, Емилија Танеска, Зоран Родич , Живка Ангелоска, Ана Николоска, Васко Паскали, Зоран Целески, Николина Божиноска, Ристе Недески, Јане Тодороски, Гордана Радеска, Игор Бежоски и Петар Серафимоски.

Познат е и составот на Надзорниот одбор: Бранко Ногачески, Владимир Петрески,Наташа Грозданоска, Љубица Секулоска и Игор Јорданов.

Новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ – Охрид на конститутивната седница се очекува да го избере секретарот на партијата.

 

ОО на СДСМ – Охрид

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close