Се зголемија платите во Комуналец – прифатено барањето на Бесим Демиров.

Вработените во ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ од овој месец примаат повисоки плати, од како претходно Управниот Одбор ја прифати иницијативата на советникот од Египќаните Бесим Демиров кој помогнат од негови блиски луѓе и лобисти успешно изврши притисок врз претпријатието и се избори за покачување на вредноста на бодот на вработените кој сега има нето вредност од 45 денари.

Платите се зголемени во опфат од 600 до 1000 денари по работник.

Советникот од Египќаните Бесим Демиров најавува дека и натаму ќе се бори и ќе бара да се унапредуваат правата на работниците во јавните претпријатија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close