(ВИДЕО) Три часовна успешна акција новороденче спасено од одводен канал

Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан по тричасовна акција успеале да го спасат малото новороденче од одводен канал, јави Би-би-си. Минувачи го слушнале плачот на бебето и се обратиле до надлежните служби. За да можат да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале површината околу одводниот канал. Детето е веднаш префрлено во болница во Дурбан. Лекарите изјавија […]

The post (ВИДЕО) Три часовна успешна акција новороденче спасено од одводен канал appeared first on Скопје1.мк.

Спасувачи во јужноафриканскиот град Дурбан по тричасовна акција успеале да го спасат малото новороденче од одводен канал, јави Би-би-си.

Минувачи го слушнале плачот на бебето и се обратиле до надлежните служби.
За да можат да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале површината околу одводниот канал.

Детето е веднаш префрлено во болница во Дурбан. Лекарите изјавија дека бебето има блага хипотермија, губиток на телесна топлина, и дека имало неколку модрици и посекотини.

Полицијата спроведува истрага за тоа како девојчето дошло во градскиот одвод и кои ѝ се родителите.

The post (ВИДЕО) Три часовна успешна акција новороденче спасено од одводен канал appeared first on Скопје1.мк.

Close