Четворица војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Истанбул

Четворица војници загинаа кога воен хеликоптер се урна во станбена населба на азиската страна на Истанбул во понеделникот, изјави гувернерот на најголемиот турски град за Ројтерс.

Хеликоптерот паднал во станбена област , рече гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја. Снимкитеод несреќата прикажаа чад што се издига од областа и амбулантни возила кои брзаат кон местото на настанот.

За среќа нема цивилни жртви и повредени, изјави Јерликаја, додавајќи дека причината за несреќата сé уште не е позната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close