Три возила учествуваа во сообраќајка кај Куратица

Три возила учествуваа во сообраќајка на клучката која го спојува патот кој води во селото Куратица со патот Охрид – Ресен.

Едно возило излетало од патот, а во несреќата нема настрадани.

Вечерва по којзнае кој пат се случи сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид -Ресен кај месноста Прентовмост . Односно има исклучок пат кон селата Куратица, Речица , Плаќе.  Возило Рено кое сакало да заврти лево кон Куртица, а во позадина во колона друго возило престигнувало на полна линија при што удрило во реното и летнало во провалија. Во реното со двајца патници едно мало (една и пол година) има скршеници. Овој проблем со престигнување на ова место е секојдневен (во прилог снимките)и стравуваме од повеќе сообраќајки, со тоа што патот кон Куратица е се повеќе фрекфентен бидејќи е многу посетено од туристи . апелираме надлежните да пеземат соодветни мерки за да не дојде до катастрофални последици – изјави Ангелоски Горан претседател на Совет на месна заедница Куратица .

Полицијата сеуште врши увид на местото на настанот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close