Директорот на Проаква тврди дека не изел 1 МИЛИОН денари и бара извинување

????????????????????????????????????

Директорот на МЈП Проаква Владимир Алексиоски преку адвокатот Марјан Шикалески од „Охрид 1“  бара јавно извинување затоа што најверојатно смета дека не потрошил 1 милион денари за репрезентација ( под репрезентација се подразбира трошоци направени во ресторани, кафани, кафетерии, хотели и други угостителски објекти ).

Во дописот од адвокатот уште од „Охрид 1“ се бараат докази за објавената содржина ( која е објавена по основ на точка на дневен ред во Советот на општина Охрид каде е поднесен извештај за работењето на „Проаква“ ). Адвокатот бара посебни докази за тврдењата дека јадел и во Скопје, но и во хотелот Романтик на езерото Младост во Велес ( од каде на властите во Охрид од неформални  разузнавачки елементи им е испратена фотографија како директорот јаде и пие во овој објект )

Во дописот спротивно на закон се бара објавување демант и извинување во рок од 24 часа иако според законите рокот е 30 дена.

Во дописот не е јасно што демантираат, дали дека Проаква потрошила 1 милион денари или можеби 999.999 денари или можеби повеќе од 1 милион денари.

Со цел прибавување на документацијата за трошењето по угостителски објекти и хотели „Охрид 1“ денес ќе побара согласно Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер деталени информации по фактури и објекти каде се трошени средствата за репрезентација во„Проаква“ кои се околу 1 милион денари.

Во продолжение дописот од адвокатот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close