ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ

Во петок на 21.06.2019 година со почеток во 14:00 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на европски фондови и програми.

Посебен акцент во рамки на презентацијата ќе биде ставен на Програмата ИПАРД II за периодот 2014 – 2020 – Мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси” – Како да подготвите успешен проект – основни правила и упатства.

Презентер ќе биде Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на мал бизнис (ESBA) од Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”.

Организаторите на презентацијата упатуваат покана до сите државни институции, граѓански здруженија, културни и спортски организации, земјоделци и претставници на бизнис секторот, да земат учество на овој настан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close