Во Ниш уште една жртва на грипот

Синоќа од грип на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Ниш почина уште едно лице. Станува збор за припадник на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија во Ниш, кој бил роден 1976 година. Тој пред десет дена бил примен во болница во многу тешка здравствена состојба. Во сабота попладне настанале компликации кои […]

The post Во Ниш уште една жртва на грипот appeared first on Скопје1.мк.

Синоќа од грип на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Ниш почина уште едно лице. Станува збор за припадник на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија во Ниш, кој бил роден 1976 година.

Тој пред десет дена бил примен во болница во многу тешка здравствена состојба. Во сабота попладне настанале компликации кои резултирале со смрт.

Ова е шеста жртва на грипот во Ниш. На Инфективната клиника моментално се лекуваат 38 пациенти, 11 од нив се во тешка и критична здравствена состојба и сите се приклучени на апарати за дишење.

Меѓу заболените се и шест деца, но сите се во стабилна сотојба.

 

The post Во Ниш уште една жртва на грипот appeared first on Скопје1.мк.

Close