Полицијата трага по Един Гачиќ кој уби полицаец во БиХ

Обвинителството во Сараево отвори истрага против Един Гачиќ поради сомнение дека извршил тешко убиство, потврди портпаролот Азра Бавчиќ. Един и понатаму е најбараното лице во Босна и Херцеговина, а потрагата по него е проширена на територијата на целата држава. Тој е осомничен за убиството на Сауд Султаниќ во местото Подорашац кај Коњиц кое било извршено […]

The post Полицијата трага по Един Гачиќ кој уби полицаец во БиХ appeared first on Скопје1.мк.

Обвинителството во Сараево отвори истрага против Един Гачиќ поради сомнение дека извршил тешко убиство, потврди портпаролот Азра Бавчиќ.

Един и понатаму е најбараното лице во Босна и Херцеговина, а потрагата по него е проширена на територијата на целата држава.

Тој е осомничен за убиството на Сауд Султаниќ во местото Подорашац кај Коњиц кое било извршено во понеделникот. Исто така тој во полицаецот Махир Бегиќ, кој обезбедувал објект на Федералната управа на полицијата (FUP) во местото Сиходол во Тарчин, истрелал повеќе куршуми од засега непознато оружје, пренесуваат српските медиуми

Гачиќ кон крајот на војната во БиХ убил соборец од единициата ел-Муџахид на Армијата на БиХ, позната по бруталните егзекуции и отсекувањата на глави по што е осуден на осумгодишната затворска казна. Би помилуван во 2000 година од тогашниот претседател на Федерацијата БиХ, Ејуп Ганиќ од Партијата на демократска акција (SDA) и му ја намалил казната затвор за една година.

Откако излегол од затвор во 2002 година ја убил мајка си во Зеница, и во 2003 година е осуден на 20 години затвор. По издржувањето на две третини од казната е пуштен од затворот во Бихаќ. Управата на тамошниот затвор предупредила дека Гачиќ, за кого се тврди дека боледува од шизофренично нарушување, би можел да изврши убиства, но властите го игнорирале ова предупредување.

 

The post Полицијата трага по Един Гачиќ кој уби полицаец во БиХ appeared first on Скопје1.мк.

Close