(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Стефаноски: Достигнавме бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку

Успех за почит. „DMC Balkans Travel & Events“,најдобар тур оператор на „World Travel Awards“. Младиот, амбициозен и неуморен Филип Стефаноски менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“, заедно со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.

Стефаноски открива како се качува кон врвот. Тој отворено зборува за проблемите со кои се соочува Охрид и земјава, што треба да се направи и како да се оди напред.

  • Дојдовниот туризам е многу потежок, бидејќи ние имаме сериозни конкуренти од многу развиени туристички држави. За да успееш да ги донесеш гостите во Македонија, треба да се работи многу и да се понуди квалитет. Ние како компанија, понудивме нешто многу поразлично од другите компании и се пробивме на пазарот. Ние носиме Турски, Азиски државјани, а оваа година почнавме да работиме со Централна и Источна Европа, Скандинавија, а посебно удривме акцент на Азискиот пазар, Малезиски гости, Сингапур, Тајван, Кина, се гостите кои ги носиме во Македонија, заедно во пакет со балканот. Оваа година очекуваме да донесиме над 20 000 гости.

Стефаноски додава дека статистички бројот на странски гости во државава расте, а на домашни опаѓа.

  • Ние треба да си ги мотивираме нашите домашни гости, да го посетат, Охрид, Преспа, Дојран со некоја мотивација и некое субвенционирање за нив, со различни цени од странските за да ги повлечиме повторно, вели Стефаноски.

Тој додава дека земјава ја достигна бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку.

  • Уште многу, многу треба да работиме , за да достигнеме една бројка која е многу сериозна. Еве во Мадеира годишно доаѓаат 8,5 милиони гости, и таму има само хотели, не се градат згради и сите граѓани од тој остров живеат од туризмот, вели Стефаноски.

Според менаџерот на „DMC Balkans Travel & Events“,ние како земја, мора да направие долгорочна стратегија за тоа како да го развиеме туризмот во Македонија.

  • Ние не можеме да имема масовен туризам затоа што немаме доволно гости, а за елитен треба многу повеќе од тоа што го нудиме во моментов. Да инвестираме, во квалитет, во кадарот и во образованието на туристичките работници, бидејќи имеме недоучени туристички работници, со нула пракса, вели Стефаноски.

Во продолжение интервјуто со Филип Стефаноски  менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close