Расте бројот на малолетничките бракови во Албанија

Од вкупниот број бракови во текот на една календарска година во Албанија дури 17,4 отсто се малолетнички. -Во текот на 2017 година во брак стапиле 3.827 малолетни девојчиња, наспроти 120 момчиња од оваа возраст,додека во 2016 годна во брак стапиле 3.339 тинејџерки и 88 момчиња, потврдува официјалната статистиката на Иститутот за статистика на Албанија,ИНСТАТ. Познатиот […]

The post Расте бројот на малолетничките бракови во Албанија appeared first on Скопје1.мк.

Од вкупниот број бракови во текот на една календарска година во Албанија дури 17,4 отсто се малолетнички.

-Во текот на 2017 година во брак стапиле 3.827 малолетни девојчиња, наспроти 120 момчиња од оваа возраст,додека во 2016 годна во брак стапиле 3.339 тинејџерки и 88 момчиња, потврдува официјалната статистиката на Иститутот за статистика на Албанија,ИНСТАТ.

Познатиот албански психолог Ариана Муча, тврди дека бројките се многу повисоки,бидејќи голем број од малолетничките бракови не се регистрирани во матичната книга на венчаните.

Причината за малолетничките бракови пред се се од економска природа.
Според Муча семејството бракот го гледа како единствен спас од тешката економска криза во која се наоѓа па го мажи женското дете за човек кој е добро ситуиран, бидејќи во овие случаи женското дете се продава.

Малолетничките бракови во Албанија се забранети со закон ,но присуството на оваа појава потврдува дека истиот не се почитува.

The post Расте бројот на малолетничките бракови во Албанија appeared first on Скопје1.мк.

Close