Скандал во германските болници! Се краде се што не е зацврстено за под

Крадците во огромни болнички комплекси во Германија ја користат немоќта на пациентите, а болниците имаат ограничени можности да се борат со тоа, бидејќи мора да балансираат помеѓу отвореност и безбедност на пациентите. На пример, во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, во 2017 пријавени се речиси 6.500 случаи на кражба во болниците, покажуваат федералните истраги за кривични […]

The post Скандал во германските болници! Се краде се што не е зацврстено за под appeared first on Скопје1.мк.

Крадците во огромни болнички комплекси во Германија ја користат немоќта на пациентите, а болниците имаат ограничени можности да се борат со тоа, бидејќи мора да балансираат помеѓу отвореност и безбедност на пациентите.

На пример, во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, во 2017 пријавени се речиси 6.500 случаи на кражба во болниците, покажуваат федералните истраги за кривични дела.

Во Баден-Виртемберг, на југозападниот дел од земјата, штетата во 2017 година достигнала рекордно ниво од речиси 2,75 милиони евра, објави Хина.

Болниците неможат да се изборат со ова. Од Федералното биро за истраги објаснуваат дека проблемот е во тоа што болниците се големи комплекси со неконтролиран пристап, па крадците лесно може да влезат во болниците и да украдат се од фиоките и ормарите во празните простории.

The post Скандал во германските болници! Се краде се што не е зацврстено за под appeared first on Скопје1.мк.

Close