ВМРО ДПМНЕ обвини дека власта предизборно вработила 70 луѓе

ВМРО ДПМНЕ на прес конференција денес обвини дека во институциите и јавните прептријатија власта на СДСМ вработила над 70 луѓе со партиска одлика на партијата.

Обраќањето на Перчо Божиноски од ВМРО ДПМНЕ го пренесуваме во целост:

СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи.

На денот кога се распишаа претседателските и
локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот
процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија
непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а
сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни
претпријатија.

Георгиески да одговори дали заедно со директорите
спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?

СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт
кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека
нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до
секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните
претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ.

Кога лажеа повеќе, тогаш кога ги уверуваа
охриѓани дека има превработеност или сега откако веќе една година е зголемена
цената на вода за да се плаќаат новите партиски вработувања со парите на
граѓаните?

Ова е уште еден доказ дека СДСМ нема намера
да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал. Го повикуваме
Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите
граѓани на Охрид.

Што побрзо СДСМ си замине од власт толку
подобро за охриѓани!

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
ОК Охрид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close