Општина Охрид: Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина

Во   врска   со   инцидентот   на   вчерашната   седница   на   Советот   на   Општина   Охрид,   ве известуваме:

–  Локалната самоуправа го осудува  вчерашниот   инцидент  меѓу  советниците  и   смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.  Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на  граѓаните и решавање на нивните потреби.  Сметаме   дека   ваквото   однесување   е   изолиран   инцидент   и   нема   да   се   повтори   во иднина и  ги  повикуваме  советниците  да  се однесуваат  во  духот  на демократијата и почитување на различните мислења, се вели во реакцијата од Општина Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close