Ако лубеницата има процеп, веднаш фрлете ја

Сезоната на лубениците доаѓа, а новото откритие фрла сенка на уживањето во овој прекрасен зеленчук, за кое генерално се верува дека е овошје.

Освен што ќе ја изгаси жедта, лубеницата е одлична храна за губење на тежината, бидејќи брзо наситува, а при тоа нема премногу калории. Исто така, има благ диуретичен ефект, па затоа не е ни чудо што многумина ја препорачуваат. Но, не се сите лубеници добри за здравјето, згора на тоа, некои можат да бидат многу опасни.

Најверојатно веќе сте налетале на лубеница која има пукнатини во внатрешноста. Постојат две причини зошто тоа се случува, а една од нив е дека доцна е набрана, па се “намалила” нејзината содржина. Токму “таа” лубеница која премногу созреала ја обожуваат поради нејзините шеќери.

Меѓутоа, неодамнешната случка која се случила во Кина, каде што земјоделците претерале со пестицидите и предизвикале масовно напукнување на лубениците, привлекла внимание на светската јавност на пукнатините во нејзината внатрешност, кои се резултат на дејството на пестицидите кои го забрзуваат зреењето.

Тој вид на пестицид, освен што го забрзува растот, создава пукнатини и текстурата на лубеницата ја претвора во “прав”, и во најлош случај, може да има многу негативни последици за здравјето. Испитувањата на животни кои биле изложени на пестициди преку храната покажале зголемен број на тумори и уролошки проблеми.

Како да се справите со овој проблем?

Единствен начин е да имате доверба во оној кој ја продава лубеницата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close