ОХРИД ДОМАЌИН НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН ТЕКВОНДО ТУРНИР

Денес, во Охрид се одржа првиот Национален Теквондо турнир  „Охрид опен 2019″. Повеќе од 140 теквондисти од неколку Европски држави зедоа учество во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори.

Националниот текводно туринир го отвори градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

– Можеби теквондото претставува единствена вештина во која голем удел има и филозофијата. Оваа најстара корејска вештина која претставува спој од повеќе борбени стилови на почетокот била користена за самоодбрана и преживување на младите луѓе. Со оваа техника покрај физичката се развива и умствената сила. Иако воглавном постојат неколку различни интерпретирања на теквондо филозофијата, сите тие се сведуваат на две верувам добро познати реченици за вас: „Јас ќе бидам шампионот на правдата и слободата“ и „Јас ќе изградам подобар и мирен  свет“. Овие две реченици го потенцираат значењето на теквондо вештината која не е само обична боречка дисциплина. Затоа, сакам да ви порачам да се придржувате до овие два слогани, и не само на теренот туку и во секое општествено делување да се обидете да го правите светот подобро место за живеење, бидејќи Вие како млади и прогресивни луѓе го можете тоа, истакна градоначалникот во своето поздравно обраќање.

На најдобрите натпреварувачи организаторот, таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, кој е член на Македонската текводно федерација од 2007, им додели признанија и плакети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close