(Обновено)Земјотрес од 5 степени утрово ја тресеше Корча, почувствуван и во Охрид

Во 09:00 часот се случи уште еден, до сега најсилен земјотрес со епицентар на 12 километри јужно од Корча и интензитетот од 5.4 степени. Населението на Корча е вознемирено и стои надвор од објектите.

Серија силни земјотреси од кои трите најсилни се со интензитет од 4,4 до 5 степени според Европската макросеизмичка сакала, утрово се случуваат во близина на градот Корча во јужниот дел на Албанија.

Седум минути по првиот земјотрес со интензитет од 4.9 степени во 6 часот и 33 минути уследи вториот потрес со интезнитет од 5 степени, а потоа уследи уште еден потрес од 4,4 степени.

Земјотресите се почуствувани и во Охрид, Струга и Ресен.

ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Змјотрес со интензитет од 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала утрово е регистриран на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција.

Земјотресот се случи во 6 часот и 26 минути. Најсилно е почуствуван во градот Корча, а потресот утрово ги разбуди и жителите на Поградец, Охрид, Струга и Ресен.

Неколку послаби потреси се почувствувани по првиот потрес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close