Градинката од Охрид конечно ги стави вон сила резолуциите на ООН од 1993 година

Градинката во Охрид доставила документ со предлог за промена на името на градинката , поточно промена на статутот и замена на името Република Македонија со Република Северна Македонија.

Но тоа според Член 3 било заради конечно спроведување на меѓудржавната спогодба и проблемите опишани во резолуциите 817 и 845 на Обединтетите нации од 1993 година, како и престанокот на важност на Привремената спогодба од 1995 година.

Овој документ кој се повикува на резолуциите на ООН е создаден во градинката, поминат на Управен одбор на градинката, потоа е изгласан на комисии во Локалната и стигнат на гласање пред Советот на општина Охрид, со што „конечно се ставија вон сила резолуциите 817 и 845 на ООН од 1993“ и „Привремената спогодба“ од 1995.

Овој документ покажува што се изпозапослиле партиите низ институциите во годините по усвојувањето на овие резолуции од 1993 и привремени спогодби во ООН од 1995, па се до „Договорот од Преспа“ и ден денешен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close