Газда за пример – За да ги задржи вработените, платите им ги зголемил на 1500 евра месечно

Словенечката компанија Knauf Insulation која има 500 вработени, а е во сопственост на германското семејство Кнауф, има намера да ги зголеми платите на работниците во производство за 36 отсто во текот на следните шест месеци. Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.

Оваа фрма и досега важеше за една од подобро стоечките. Најниската плата со додатокот за работа во смени која за земале работниците била околу 950 евра нето. Компанијата одлучи на своите работници во Словенија да им даде поголеми плати со цел луѓето да си обезбедат пристоен живот во земјата и да останат во Словенија. Во исто време, тие сакаат да ги убедат оние кои ја напуштиле својата татковина да се вратат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close