Како што најави Охрид1 – Горан Симоноски нов директор на Центар за кутлтура

Повторно потврден ексклузивитетот на Охрид1.

Денес со решение на министерот за култура Асеф Адеми за нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Горан Симоноски, актуелен претседател на Општинската организација на ЛДП Охрид.

Со центарот до сега директоруваше Зоран Пејкоски, кој од 18-ти јануари беше вршител на должност раководител на Центарот.

Претходно беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, но ниту еден од нив не беше избран тогашниот в.д. директор Стрезо Стаматоски кој редовно се пријавуваше на конкурсите.

Охрид 1 назначувањето на Горан Симоноски го најави минатата седмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close