Екскурзијата во Белград, хорор филм за учениците од охридската гимназија

Револтирани родители се обратија до редакцијата на Охрид 1, пишувајќи за последната воннаставна екскурзија на 100 тина ученици од Охридската Гимназија кои патуваа во Белград, а за која тврдат  дека агенцијата „Генерал Турист“ од Охрид ја организирала катастрофално лошо, а двата автобуси на „Галеб“ имале дефекти што пак ги оставило децата неколку часа на пат.

Имено, родителите се жалат дека и покрај тоа што однапред ја платиле сумата која им била побарана за екскурзијата, организаторот им дал само фискална сметка, но не и поединечен договор , затоа што станува за индивидуален ангажман, а не договор со училиштето.

ВО БЕЛГРАД ИМ СЕ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА БИЛЕТ НА МЈУЗИКЛОТ ЗАРАДИ КОЈ БИЛА ОРГАНИЗИРАНА ЕКСКУРЗИЈАТА 

Во договорот прецизно треба да биде наведено што добиваат децата, а што не спаѓа во цената, за да не се случи тоа што се случи, на учениците кои беа тргнати да гледаат мјузикл, картата да не им биде вклучена во цената, па пари се собирале на рака во автобус. (Им се собирале по 600 динари или 300 денари, но само да напомениме дека за екскурзии и групи цената на билет би чинела 1 евро или 120 динари, а не 300).

АВТОБУСИТЕ БЕЗ КЛИМА УРЕДИ И СО ДЕФЕКТИ

Посебно родителите се револтирани што како превозник е избрана фирма која на оваа екскурзија за деца од два автобуси кои ги испратила, верувале или не двата биле расипани.

Едниот автобус на „Галеб“откажа потполно на враќање, на 40 километри од Беград по што учениците чекале на бензиска пумпа над 6 часа, за да стигне автобус од Скопје, А другиот пак бил со расипана клима, па буквално како што раскажуваат децата внатре било неподносливо топло, поради што морале да застануваа за да земат воздух, а на едно девојче и многу му се слошило, па морало да се направи дополнителна пауза. Но, овде се отвора прашањето, зошто нема доктор на оваа екскурзија?

Што се однесува пак до расипаниот автобус, факт е дека на секого може да му се случи, и тука не е ништо спорно. Пат е, се случува се но , туристички работници велат дека проблемот се решава многу поинаку.

Велат станува збор за ноќно возење , доволно беше организаторот да се јави во истиот хотел каде што беа сместени децата и просто сме сигурни дека децата ќе беа згрижени и тоа за половина цена во  собите или во фоајето  додека се реши проблемот и сел ќе беше подобро отколку со саати да чекаат на бензиска пумпа.

Или пак требало само да побараат автобус од превозник од Белград  кој ќе ги врати децата назад, а превозниците да си ги расчистат сметките подоцна.

Некогаш чарот и зијанот се браќа, ама во овој случај повеќе од сигурно е дека се гледаше само нечиј интерес.

Родителтие велат дека вакви воннаставни ( како што ги нарекуваат приватни бизнис екскурзии ) треба да се забранат или да се воспостави силен систем на контрола кој важи за наставните екскурзии за чие организириање важат цели правилници, додека за воннаставнтие ( како оваа во Белград ) нема правила и фирмите кои се вклучуваат во неа заедно со некој фактори од училиштето имаат за цел само да остварат профит, на штета и опасност по самите ученици кои патуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close