70 години среќен брачен живот

mde

Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, во прекрасна атмосфера, опкружени со своите најблиски-трисина, 6 внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Црвен крст Охрид, вчера ја одбележаа 70 годишницата одсвојот брак.

Душан роден 1930 и Костадинка родена 1927 се запознале се запознале во септември 1948 год , а брак склучиле на 06.02.1949. Се запознале на нечија свадба каде Душан како млад девер, бил „бендисан“ од братот на Костадинка за својата сестра, па со стројници братот и таткото од Костадинка отишле кај таткото од Душан за да се договорат за свадба.

dav

Последниве две години во животот на Душан и Костадинка е исполнет и со најразлични активности и дружења во Црвен крст Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што имадава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Црвен крст Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close