(ВИДЕО) Полицаец и негов пријател претепале двајца малолетници во Врање

На српските медиуми се појави видео снимка на која може да се забележи како полицаец и негов пријател претепуваат двајца малолетници во Врање.

Српски “Блиц” потврди дека едно од лицата е припадник на полицијата.

Настанот се случил на 13 јануари во дворот на гимназијата “Бора Станковиќ”. Според информациите на тепачката и претходело демолирање на кафулето чии сопственици се полицаецот и неговиот пријател.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close