Охрид со стихови и звуци за Григор Прличев

Во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев,  в.д градоначалникот Константин Георгиевски утрово  беше на свечената церемонија што по повод патрониот празник се одржа во истоименото основно училиште.  В. д. Градоначалникот Георгиевски  присуствуваше  и на панихидата и положи цвеќе  на гробот на Прличев, по што  ја проследи  свеченоста  „Стихови и звуци за Прличев„ што по традиција се одржува во   спомен куќата на лавороносецот.
Во своето обраќање пред присутните в. д градоначалникот Георгиевски истакна:

-Огромна е честа да  се зборува за Григор Прличев  симболот на македонската гордост, истрајност и  непокор, поетот кој  со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија до универзумот покажувајќи и докажувајќи  дека граници за пишаниот збор нема,  пред неговата  моќ клекнуваат и Владици и владатели и големци од моќниот Свет. 
Високо подигнувајќи го  македонскиот духПрличев среде Атина ги порази најголемите, тогашни грчки поети, пред речиси  два века. Нашиот Григор или    Вториот  Хомер  припаѓа на човештвото, зошто поезијата и духот на слободата што ја изразува се сечовечки. Нескротлив и бунтовен  со отворена природа  пишувајќи за  Неда, Галичник и Река тој ги претставува   Македонците и македонскиот живот докажувајќи ја моќта на пишаниот збор,образованието и постојаната надградба на знаењето .       
Мајчините зборови „Работата е  здравје и чест“  стануваат животна водилка за Прличев кој по постојано и макотарпно учење и изградување како поет, учител, преведувач и публицист се закитува со Лаворовиот венец  пренесувајќи ја моќта на трудољубивоста и желбата секогаш да се научи повеќе. 
Прифаќајќи го сето она што тој ни го оставил како свет завет  денес ја продолжуваме неговата мисија докажувајќи дека со знаење невозможното станува возможно, а недостапното достапно. Секое време носи нов Прличев и нова  поема со суштински пораки за современиот Свет. На овој ден  секоја година децении  после него сме гости токму тука во неговиот дом. На одбележување на годишнината од неговата смрт  се радуваме на напишаниот збор на неговите следбеници, млади таленти кои веќе направиле храбри обиди да пишуваат поезија  и проза. На таков начин сите ние докажуваме дека   чекориме по  Прличевите  стапки градејќи го она што  тој го посакувал, посреќна сегашност и иднина за Охрид и Македонија  кои се  негови  „….и љубов и судба и  болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб…..“ „   ….И како што нашите претци го препознаа регионот и Светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите…“, така и ние  денес гордо потврдуваме  дека опстојуваме како земја во таа идеја, но уште повеќе во нејзината реализација, поттикнувајќи ги позитивните културни карактеристики како пример за останатите.– подвлече Георгиевски кој им врачи и пригодни награди на двајцата ученици Даријан   Ангелоски  и Софија Гавреска чии трудови беа првонаградени по распишаниот  литературен конкурс на  ОУ „Григор Пеличев“.

Беседа за Григор Прличев  одржа  академик Витомир Митевски. Свеченостите продолжија со полагање Лавров венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот, а во  НУ  библиотеката „Григор Прличев“ беше претставен портретот на писателот и поет Видое Видически по што се одржа видео проекција „Од животот на Прличев“ . Случувањето беше заокружено со традиционалната охридска  визита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close