(ВИДЕО) Даријан Ангелоски рециталот го посвети на покојниот „чичко Јован“

На одбележувањето на 126-години од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев, во спомен куќата на поетот и годинава публиката ја освои наградениот рецитал и интерпретацијата на младиот Даријан Ангелоски, кој по трет пат е награден на конкурсот кој го распишува О.У. Григор Прличев.

Даријан Ангелоски по пауза од две години се појави во јавноста и очигледно е дека тој пораснал и полека станува млад човек, кој полека почнал да го менува и стилот на пишување и содржините и приказните кои се во неговите дела се одраз на друга возраст, но се подеднакво квалитетни и уникатни како и задоволството на публиката која сака да го слуша интерпретирањето на неговите дела.

Видео од рецитирањето на Даријан во 2017 година:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close