Охригани го чевствуваат својот голем промотор, холандскиот писател А. ден Долард

Утре, 7. февруари, со пригодна манифестација, охриѓани и пошироката културна јавност,
хотелиерите и угостителите, ќе се потсетат и ќему оддадат признание, на
големиот промотор на Охрид и македонија, холандскиот писател А. ден Долард.

Во КИЦ „Култура 365“, со почеток во 13. 00 часот, во негова чест,  ќе се одржи поетско
читање  и предавање
за животот и делото на најплодниот
холандски писател и голем пријател на
Македонија.

Со тоа ќе се одбележат 118 години од неговото
раѓање.

Програмата содржи: Поздравно обраќање, прочит на песната „Монолог за А. ден Долард“ од
Тоде Илиевски,предавање:
А. ден Долард – скитник, писател и новинар, поетски поздрав кон А. ден Долард: поетите –  гости читаат свои
стихови,како и предавање:
Македонизмот на А. ден Долард.

А. ден Долард беше најголемиот промотор на
Македонија во Кралството Холандија.

Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој
објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите
чести престојувања во Македонија.

Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид, за што е сведоштво
култниот роман “Двадбата на седумте Цигани”, кај нас преведена како “Свада
во Охрид”.

Во Охрид му е подигнат
Споменик во рамките на Холандскиотпарк,како и спомен-собата, во рамките на КИЦ „Култура 365“.(Крај)

В.М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close