Тепачка во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“, едно лице со лесни телесни повреди

На 19.05.2019 година во 14 часот, во близина на Авто кампот ,,Ливадиште“ кај Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.К.( 68) од Струга врз Р.С.(38) од селото Радожда.

Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга. Напаѓачот М.К. е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close