Ни се заканува ли еколошка катастрофа?

Коселска река, постојан проблем за Охрид. Нов проблем овој пат со реката која течи кај село Речица и доаѓа кон Косел кај минихидроцентрата.

Фотографиите до кои дојде Охрид 1 покажуват како вода од реката влегува во минихидроцентралата и се полни акумулацијата, но од таму не излегува вода ни за еколошки минимум.

Прашање кое се наметнува, дали со ова се предизвикува еколошка катастрофа?

Инаку Коселска Река извира од западните падини на Плакенска Планина на височина од 1.070 м, а се влива во Охридското Езеро на височина од 693 м, кај Охрид. Квалитетот на водата од Коселска река константно е од трета категорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close