Граѓаните почнаа да ја забораваат „метлата“ на Константин

Две седмици по победата на изборите во Охрид сеуште се чека на новите кадровски решенија како во кабинетот на градоначалникот, така и во јавните претпријатија.

Извори на „Охрид 1“ велат дека промени ќе има и тоа во најтесното опкружување на Константин, почнувајќи од кабинетот за каде цели две седмици се прават планови кој ќе биде „пометен со метлата“.

„Метењето“ во јавните претпријатија според наши информации треба да се случи паралелно со „метењето“ во кабинетот, а во игра се повеќе имиња кои треба да си одат и секако имиња кои ќе дојдат на нивно место, на позиции кои биле предмет на договарање уште во изборите, па на некој начин во делот на можните смени на директори ќе влијае и договараното во предизборниот период со центрите на моќ и лоби групите со свое влијание на резултатот.

Граѓаните две седмици се во очекување на некакви одлуки и конкретни решенија, социјалните мрежи после првиот удар веднаш по гласањето кога Констнатин постира фотографија од метла на Инстаграм зовреа, а сега полека како да стивнува и еуфоријата и очекувањата од „метлата“ кај граѓаните, а таа останува актуелна зад завесата, во круговите кои учествувале во изборната борба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close