Ново чудо во Дубаи: Шеиците ќе се надминат себеси уште еднаш!

Престолнината на супервисоките облакодери Дубаи наскоро ќе добие нова меганаселба која ќе биде дом на уште еден облакодер во тој град.

Државната инвестицона компанија „Дубаи холдинг“ објави детали од градежниот мегапроект, кој ќе вклучува и кула висока 550 метри.

Кулата, наречена Бурџ Џумеира, ќе биде сместена во областа Ал Суфоух во Дубаи во близина на Џурџ ел Араб.

Плановите покажуваат дека кулата ќе биде опколена со мешна, станбена и комерцијална зона наречена „Даунтаун Џумерија“.

Изградбата ќе почне веднаш, се наведува во соопштение на компанијата, а првата фаза ќе биде завршена во 2023 година.

Дизајнот, како што се наведува е инспириран од песочни дини и оази. Облакодерот, всушност, ќе биде голем видиковец од кој ќе се пружа поглед на целиот град, а на самиот врв, во такаречената Круна ќе се наоѓаат ресторан и бар.

Можеби најважна карактеристика на кулата е базата, дизајнирана во облик на отисок од прстот на шеикот Мохамед бин Рашид.

Постојат планови за амфитеатар, кој би се наоѓал во рамки на отисокот на палецот за културни настани, како и за фонтана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close