Океаните стануваат се потемни, а ова е причината

Растот на температурите на Земјата ќе ја променат бојата на океанот поради пато на бројот на фитопланкноти и ситни организми во морињата, кои апсорбираат и одбиваат светлина.

Научниците утврдиле дека потоплите мориња негаотивно ќе влијаат на популацијата на фитопланктоните и деќа ќе ги има се помалку во наредните децении.

Што повеќе фитопланктони има во водата таа повеќе добива зелени нијанси, а поради предвидениот пад на бројот на овие организми до 2100 година 50 отсто од светските мориња ќе потемнат.

Промена на бојата не е единствена последица на падот на бројот на фитопланктони, затоа што овие ситни организми играат голема улога во океаните.

Освен што ја претвораат сончевата енергија во хемиска и за тоа трошат јаглероден диоксид, воедно се на дното од ланецот на исхраната, што значи дека сите животни кои се над нив во ланецот ќе бидат погодени.

Истражувањата покажале дека со затоплување во океаните ќе има се помалку вакви организми.

– Утврдивме дека бојата ќесе промени и тоа најверојатно ќе биде еден од најраните сигнали дека сме ја промениле екологијата на океанот, наведува Стефани Дуткиевиц, преведувач на студијата од Институтот за технологија во Масечусетс.
© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close