Вторник, 21 Февруари 2012 18:47

Информацијата за Инпрес ја потврди попладнево самиот Василевски. Денеска претпладне Василевски бил на работното место во Дирекцијата на Летото, но не ги информирал своите соработници за одлуката. Најнапред сакал деталите и начинот на повлекувањето да го договори со ресорната министерка за култура Елизабета Канчевска - Милеска.
И ако до претпладнето новинарите го бараа да даде одговор што се случува со неговите селектори, веќе попладнево откако неофицијално проструија новите информации за неговото повлекување, сега е на жесток притисок на медиумите е самиот тој и треба да одговори - што со него и неговиот натамошен ангажман во фестивалот.
Василевски согласно Статутот, самиот ги поставува селекторите на драмската односно музичката програма. Мегутоа неговите кадровски решенија (актерот Горан Стојаноски, односно музичарката и директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ) веднаш по поставувањето му се заблагодариле на довербата. Иако до денеска во Дирекцијата на Летото сеуште немаше писмени поднесоци од двајцата, сосема е извесно дека тие се повлекуваат од селекторските позиции.
Како дојде до нивното повлекување и како им се придружил и самиот директор Василески. Грешка во чекори, недоволна информираност, односно некоординираност, или пак избрзана постапка на младиот, штотуку именуван и недоволно искусен директор на „Охридско Лето“ Василевски?
Интересот кон случувањата во „Охридско лето“ е зголемен и со фактот што таму се води полициска истрага врз целокупното работење на претходните раководства. Се истражувал и начинот на кој се реализирале програмите, како и постапките за јавните набавки. Со истрагата се опфатени и музичкиот и драмскиот селектор, од претходната постава. Паралено, Државниоот ревизор констатира низа неправилности во работењето на Фестивалот, мегу другото и со изборот на самите директори.
Последниот директор Васко Василески неодамна беше именуван од министерката, на големо изнедаување во јавноста (него охриѓани го знаат како брат на музичарот од светко реноме Владимир Василевски - Четкар!), а познавачите на приликите последниве неколку дена не ја исклучуваа можноста и самиот да се повлече од престижната позиција - прв човек на нашата најголема музичко - сценскка манифестација, нашиот културен прозорец кон светот.
Дознаваме дека од надлежни места нему деновиве му е забележано и за протекувањето на информациите во медиумите дека полицијата почнала да го чешла работењето на во НУ „Охридско лето“.
Неофицијално, фестивалот деновиве ќе добие нов в.д. директор кој најверојатно ќе се избере од вработените во нашата најшрестижна културна манифестација.
Супер радио