Понеделник, 20 Февруари 2012 14:03
17:16Од Министерството за култура за Супер радио со став дека и фестивалот „Охридско лето“ и институциите Народен театар Охрид и Македонската филхармонија се реномирани и сериозни, па не можело исти луѓе да бидат на двете одговорни позиции , со што се потврдија нашпите информации дека притисокот селекторите да се повлечат само по пет дена од нивното назначување дошоч директно од Министерството за култура, а министерката Елизабета Канческа Милеска инфорамцијата за новите селектори ја дознала од медиумите.
Новите селектори на Фестивалот Охридско Лето Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ денес заедно се повлекле од функциите.
Ohrid1.com дознава дека ваквиот нивни потег уследил од како бил извршен притисок од Министерството за култура во Скопје, каде информацијата за нивниот избор ја примиле од медиумите, на днеот кога беа избрани, а изборот које право на директорот бил направен без да се бара благослов од Скопје, кој правно гледано не е ни потребен.
Како што дознаваме министерката Елизабета Канческа Милеска не се согласила со зиборот на новите селектори во моментот кога полицијата врши детална истрага во фестивалот.
Дека изборот да се повлечат од фунцкиите е изнуден говорат и контрадикторните изјави на Горан Стојаноски кој дента кога беше именуванза медиумите рече дека овој извор за него е голема чест и предизвик, а денес пак дава сосема спротивна изјава:
-Моите обврски кон Охридскиот народен театар се големи и не ќе можам целосно да одговорам на обврските кои ги носи новата функција, што сметам дека би влијаело на квалитетот и на едната и на другата институција - изјавил за Охридњуз Горан Стојаноски од како се повлекол од функцијата.
Диркеторот на Охридско Лето Васко Василески денес не е достапен на мобилен телефон.
